Даниловски: Без масовно тестирање може да се случи втор бран на заболени по олабавување на рестриктивните мерки

Нивото на свеста се крева кај населението, и тоа е добро, истакна епидемиологот др. Драган Даниловски во денешното гостување во Детектор.

Вели дека до пред неколку дена бил на став дека е потребен полициски час во времетрање од 24 часа. Меѓутоа, појаснува дека кривата на новозаразени од 23 март расте, но тој раст не голем, како што се очекувало.

Во однос на пикот кој се очекува, Даниловски вели дека доколку до крајот на април имаме 2.000 случаи треба да бидеме среќни.

-Темпото на пораст на бројот на болните стивнува малку. Не смееме да се истрчуваме со заклучоци, но сакам да верувам дека тоа е добар знак и оти мерките вродуваат со плод, рече Даниловски, додавајќи дека ако во следниот период кривата на новозаразени нагло почне да расте, тогаш тој повторно ќе се залага за најостри мерки.

Вели дека ако Македонија остане само на рестриктивни мерки, а не се направи масовно тестирање може да се очекува оти кога ќе се олабават рестриктивните мерки да дојде до втор бран на заразани.

-Тоа е единствено решение за нас за да останеме во можностите на нашиот здравствен систем, рече Даниловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега