Даниел од Суботица е на крузерот во Јокохама каде има заболени од коронавирусот и открива што точно се случува таму

Даниел Душноски, момче од Суботица кое е член на екипажот на крузерот „дајмонд принцес“ преку ноќ стана познат.

Некои медиуми пренеле дека Даниел е заразен со корона вирусот и дека се наоѓа во карантин, но сепак за порталот „Еспресо.рс“ тој го демнатирал тоа.

-Ништо од тоа што сте слушнале не е точно.Се е во најдобар ред и нема причина за паника- напишал тој и испратил селфи.

Во позадина на фотографијата може да се видат луѓе кои ручаат во кујната, а никој од присутните не носи маски.

Даниел не е сигурен како информација дека и тој е заразен со вирустот стасала до медиумите, но очигледно е лага.

-Јас работам навечер и немам многу контакт со луѓето, не бев во тек со она што се случуваше, се додека не почнаа да ми стигаат пораки- вели тој за порталот.

Тој вели дека откако настанала паниката со корона вирусот тој го променил почнал да работи навечер.

-Се вработив како член на екипажот. Сега луѓето воглавно се во карантин, а јас колку толку можам слободно да шетам.Работам нешто како патрола- наишал Даниел и истото го потврдил и со фотографии.

Потсетуваме дека на крузерот има 3700 лица, од кои заразени со вирусот се околу 454 лица од кои и еден Македонец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега