Данев: Баравме еден час пауза за да дадеме шанса на демократијата

 

Баравме еден час пауза за да дадеме шанса на демократијата. Бевме сигурни дека ќе преовлада разумот и дека ќе го повлечете ова скандалозно решение, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

„Демонстрирате неразумно политичко однесување. ВМРО-ДПМНЕ учествуваше во реформските закони и гласаше затоа што не се водеше од партискиот интерес туку од оној на граѓаните“, рka\aДанев во Собранието.

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.

 

 
 

 

 

17.07.2018 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа