Данела Арсовска го избра својот портпарол: Младиот новинар од утре во нова улога

Градоначаланичката на Град Скопје Данела Арсовска го одбра својот портпарол. Неофицијално, според информации на Прес24, новинарот Матеја Петровски од Алфа ќе биде новото лице на главниот град.

Станува збор за еден од попозитивните новинари на сцената кој често знаеше да ги насмее и политичарите, и колегите, но и публиката на прес-конференциите, но и со своите објави на социјалните мрежи. Секогаш насмеан и подготвен за забава, сега ќе се проба во нова улога и новинарскиот микрофон ќе го остави на страна, барем на некое време.

Тој преку социјалните мрежи се збогува со своите колеги од телевизијата. Вели, ќе ги помни само убавите спомени од националната телевизија.

-АЛФА МОЈА, мој подрум, мој прв кат, мој втор кат, мои премногу убави колеги, моја премногу убава магична атмосфера, мои премногу убави работи... да ги редам убавините на магијата од Визбегово книга ќе треба да напишам. Имаше некад и некои не толку убави работи, ама не вреди да се споменат и паметат...  Овие преубави нешто повеќе од три години се МАГИЈА. АЛФА МОЈА ДОВИДУВАЊЕ, напиша тој на Фејсбук.

Неговата реакција кога на премиерот Зоран Заев му се испушти „пе*ер“ на прес-конференција ги засмеа сите, па стана и вирално меме.

13.12.2021 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега