Данчевска: Не значи дека треба да има туби со нафта за да се запали возило

Не значи дека треба да има туби со нафта за да се запали возило, објаснува професорката Верица Данчевска, од Техничкиот факултет во Битола во Студио 10 на ТВ24. 

„Во доменот на шпекулации, од досегашното искуство брзината на движење по масата на возилото значи дека се претвора во деформациона работа. Таа кинетичка енергија од 120 километри на час се претвора на нула. Доволно е што самиот автобус има резервоар со гориво, од ударот може да се запали. Истражувањата ќе покажат. Не значи дека треба да има туби со нафта за да се запали возилото. Без надворешно запалување тубите не би можеле да се запалат. Има и електрична инсталација, доволна е само една искра за да се потпали се. Многу е жално и тажно што разговараме на вакви теми само по вакви несреќи. Сите системи во менаџирање во безбедноста во сообраќајот треба да се соединат. Многу жртви имаме на годишно ниво“ - вели проф. Верица Данчевска.

25.11.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега