Далибор објави емотивна порака и побара помош: „Човекот од фотографијата можеби е мојот татко“

„Пораснав без татко и би ви бил многу благодарен ако ми помогнете да го запознаам човекот за кој верувам дека ми е татко“, пишува во статусот на Далибор Чатиќ кој ги повика сите свои пријатели да му помогнат да го пронајде својот биолошки татко.

Тој објавил фотографија од маж за кој мисли дека му е биолошки татко, наведувајќи дека дознал дека човекот се вика Милутин.

„Добар ден, моето име е Далибор Чатиќ, роден сум на 24.01.1979 година во породилиштето Шуприја. Го барам човекот кој во периодот од 1977/79 живеел како потстанар кај мојата мајка Даринка Чатиќ во Свиљаница, а за кој верувам дека ми е татко“, напишал Чатиќ во својата објава.

Тој вели дека дознал дека човекот се вика Милутин и дека тоа време се занимавал со фотографија и дека живеел во Белград.

Во објавата објаснил дека во позадината на фотографијата на која се наоѓа неговата мајка се наоѓа и маж кој смета дека му е татко, па ги моли луѓето, врз основа на фотографијата доколку го препознаат или имаат некаква информација за овој човек да му се јават или да стапат во контакт со него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега