Дали знаете за што служи малиот џеб на фармерките?

 

Дали знаете зошто кај „Леви'с“ фармерките, а и кај многу други, постои еден мал џеб, внатре во големиот, стандардниот, од десната страна? 

Своевремено Стив Џобс се пошегува дека џебот е направен за во него да собере iPod, но, со оглед на тоа дека фармерките се со векови постари од овие гаџети, одговорот не ја решава мистеријата.

Сè додека нeкоје не пронашол интересна изјава на основачот на компанијата „Леви'с“, Леви Штраус.

Прочуеното џепче на фармерките е направено кон крајот на 19 век од следната причина: во текот на „златната грозница“, каубојците ги носеле своите џебни часовници по елеците и така ги оштетувале и губеле.

Тогаш, произведувачот на најпознатите фармерки го додал помалиот џеб внатре во стандардниот, за каубојците да имаат каде да го сместат часовникот.

 

 

 

12.01.2018 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа