Дали Трамп ќе прифати мирно предавање на власта?

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги прифати резултатите на претседателските избори на 3 ноември, соопшти денеска Белата куќа.

Ова соопштение доаѓа само еден ден откако тој одби да се обврзе за мирно предавање на власта доколку изгуби.

-Претседателот ќе ги прифати резултатите на слободни и фер избори, истакна прес-секретарката на Белата куќа, Кејли Мекени на конференција за медиумите одговарајќи на новинарски прашања.

Освен тоа, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел и другите водечки републиканци денеска се трудеа ја уверат јавноста оти трансферот на власта ќе биде мирен и дека исходот од изборите ќе се почитува.

-Победникот на ноемвриските избори ќе биде инаугуриран на 20 јануари. Ќе биде вообичаена транзиција баш како што се изведува секои четири години од 1792 година, напиша Меконел на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега