Дали принцезата Латифа е жива - ОН и понатаму чекаат доказ за тоа

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) досега не доставија докази дека принцезата Латифа бин Мохамед Ал Мактум, исчезнатата ќерка на владетелот на Дубаи е жива, објавија Обединетите нации.

Си-Ен-Ен известува дека Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЧР) објави во петокот дека побарала од ОАЕ доказ дека принцезата е сè уште жива, но дека не го добиле.

„Немаме ништо, и би сакале да видиме јасни, убедливи докази дека принцезата е жива. Се обидовме да закажеме состанок меѓу високи функционери, со новиот амбасадор на ОАЕ во ООН во Женева, мисијата ги прифати овие барања, но сепак немаме точен датум“, рече портпаролката на ОХЦР, Марта Уртадо.

 

Уртадо на прес-конференција исто така рече дека би било идеално ОХЧР да се сретне со принцезата Латифа и да разговара со неа приватно за да ги испита сите аспекти на нејзината ситуација и дека тоа е она што ќе и го предложи на мисијата на ОАЕ во Женева, доколку состанокот се одржи.

Официјалниот претставник на ООН исто така рече дека канцеларијата ќе го покрене и случајот со сестрата на Латифа, Шамса ал Мактум и ќе побара информации за нејзината моментална локација.

Во тајната снимка добиена од Би-Би-Си во февруари и споделена со Си-Ен-Ен, принцезата Латифа тврди дека била заложник во „вилата претворена во затвор“, без пристап до медицинска нега.

Како одговор, владите на Дубаи и Обединетите Арапски Емирати соопштија дека Латифа е безбедна и дека е под внимателна грижа на нејзиното семејство и медицинскиот персонал.

Кон крајот на февруари, Латифа испрати писмо до британската полиција, кое го прегледа и Си-Ен-Ен, со барање да се испита наводното киднапирање на нејзината постара сестра, принцезата Шамса, од Велика Британија во 2000 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега