Дали починатата родилка од Охрид била правилно третирана - од болница три пати ја враќале, а бебето го носела 9 месеци и 3 недели

На социјалните мрежи се шири реакција од сосетката на починатата родилка од Охрид, која беше негативна на тестот на коронавирус, која вели дека родилката не била правилно третирана. Таа,тврди дека жената 3 пати била враќана од Охридската болница, дека бебето било носено во стомакот 9 месеци и 3 недели, дека водењакот на жената и пукнал уште пред 3 дена и дека бебето толку време останало во матката без вода, а сепак таа била вратена од болницата, без да може да оди, поради силни болки.

Од Охридската болница за Телма велат дека ги презеле сите мерки и во последните 3 месеци била 2 пати на преглед.

Пациентката не поседуваше мајчинска книшка во која се евидентираат прегледите и испитувањата кај матичен гинеколог , во текот на бременоста. Пациентката рекла дека не посетувала матичен гинеколог поради лошата социо- економска состојба. На 31.03. во 01 часот по полноќ забележала истекување на жолто- зелена течност и болки. И покрај претходно дадениот совет од лекар –специјалист, пациентката не се јави на одделот до наредниот ден, кога се констатира дека нема срцева акција на плодот.

Откако вечерта и се слошило, таа веднаш била упатена на Скопска гинеколгија каде жената почина. Причините за смртта на родилката се испитуваат со обдукција, која е извршена на Институтот за судска медицина. Обдукцијата е направена во изолирана просторија , а е извршена на барање на ГАК.

Од ГАК за Телма велат дека пациентката не го знаела датумот на последната менструација, според кој се одредува гестациската старост на плодот и терминот за породување.

На увид имавме само ултразвучен преглед од петтиот месец од бременоста и апроксимациски, според ултразвулните димензии на плодот и според терминот, со сигурност тврдиме дека станува збор за терминска бременост, односно за нејверојатно 40 полни гестациски недели.

А за третманот во Скопје, за кој соседката тврди дека наместо жената да биде породена со царски рез, била малтретирана со земање бриз за корона вирус, од ГАК велат дека процедурата налагала да се земе брис за Ковид- 19 кај пациентката со телесна температура од 39, 4 степени при приемот кај нив и со симтоматологија, каква што ја имала.

Бебето на родилката од Куманово, која е позитивна на корона вирус, е стабилно и во добра општа состојба. Земен му е брис и се чекаат рузултатите од тестот за корона вирус, дополнуваат од ГАК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега