Ветувањето за „амајлија“ која ќе ги реши сите семејни проблеми чинеше една жена од Делчево 60.000 денари. Полицијата поднесе кривична пријава против 61-годишниот С.Ѓ. од скопското село Сарај поради измама.
Измамникот успеал да ја убеди жртвата во моќта на неговите услуги во два наврати, еднаш во септември 2024 и повторно во март 2025 година, земајќи ѝ по 30.000 денари.
Откако сфатила дека е измамена, случајот го пријавила во полиција.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември 2024 и во март 2025 година, измамил 42-годишна жена од делчевско ветувајќи дека може да ѝ изработи „амајлија“ со која ќе ги реши семејните проблеми, а за услугата во два наврати зел по 30.000 денари, со што ја оштетил за вкупно за сума од 60.000 денари“, соопштуваат од МВР.

