„Дај пари или ќе имаш проблеми со земунците“ - детали за апсењето на братот на пејачката

Братот на познатата српска пејачка Сека Алексиќ, Неџат Рамиќ вчера беше уапсен поради сомнение дека се обидел да изнуди 2.000 евра од сопственик на слаткарница во Стара Пазова.

Како што информираат српските медиуми тој во повеќе наврати доаѓач во продавницата и од сопственикот, со закани, барал да му бидат исплатени 2.000 евра. При апсењето кај Рамиќ била пронајдена банкнота од 500 евра.

-Ако не ми дадеш пари, ќе имаш проблеми со криминалците и тоа со земунците - му рекол Рамиќ на сопственикот, пренесуваат српските медиуми.

Рамиќ и е брат на Сека по мајка, а со пејачката е во одлични односи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега