'Дај ми злато ќе ја растурам магијата' - еве како се богатела итра кавадарчанка

Кривична пријава за 27-годишната С.В. од Кавадарци која измамила жена лажејќи дека е бајачка.

Пријавената ја довела во заблуда Н.М. од Струмица дека ќе и растури магија, а за возврат и зела пет златни предмети во вредност од 18.000 денари.

Таа ги завиткала во хартија ветувајќи и дека ќе и ги врати после четири дена, но набрзо струмичанката сфатила дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

ФОТО: Дневник