Возачот на автобусот што вчера, 17 октомври, се преврте кај Сремска Митровица, имал лекарско уверение со неограничен рок на важност, потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој истакна дека според првичните наоди на сообраќајната полиција, причината за несреќата била неприлагодената брзина, јави српски Курир.

„Три лица го загубија животот. Во возачот имало повеќе од 80 патници, 57 се повредени, а седум или осуммина се во тешка состојба, но стабилни. Тоа е страшна несреќа. Како што ми кажаа од полицијата, виновен е возачот, поради неприлагодена брзина. Сега тоа треба да го утврди истрагата“ изјави Дачиќ.

Српскиот министер додаде дека случајот отвора сериозно прашање околу старосната граница на возачите и системот на издавање лекарски уверенија.

„Треба да се испита како човек на 69 години добил продолжување на уверение без рок. Како и зошто, тоа нека го утврди истрагата“ нагласи Дачиќ.

Меѓутоа, најтешките последици од оваа трагедија ги чувствуваат семејствата на настраданите, додаде тој.

Директорот на Општата болница во Сремска Митровица, Војислав Мирниќ, потврди дека во установата се примени 39 повредени лица, од кои седум се на Одделот за интензивна нега.

Од утринава нема промени во состојбата на најтешко повредените. На Одделот за општа хирургија има 13 пациенти кои се подготвени за отпуст, а неколку веќе се пуштени дома. На ортопедија двајца пациенти се стабилни и исто така ќе бидат отпуштени – изјави Мирниќ за Курир.

Српската полиција го обезбедила местото на несреќата и спроведува истрага за техничката исправност на автобусот, како и за можните пропусти во надзорот на возачките уверенија.

Exit mobile version