Дац му подари метла на Заев: „Не беше ништо испланирано и намерно“

Актерот Драган Спасов – Дац на предизборна трибина на СДСМ во скопската општина Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев кој по слабите резултати на претседателските избори во првиот круг најави дека ќе прави чистка на неспособните функционери.

„Не беше ништо испланирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само:  Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК актерот Драган Спасов-Дац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега