„Да ви покажам што и прави Ковид 19 на вашата коса“: Славната актерка покажа како се бори со последици од вирусот

Актерката Алиша Милано на „Твитер“ објави видео на кое ја чешла косата и покажува дека ѝ паѓаат цели прамени. Таа вели дека ова е последица на короната што ја прележала.

„Дозволете ми да ви покажам што ѝ прави короната на вашата коса. Ве молам, сфатете го сериозно вирусот и носете ја проклетата маска“, вели таа во видеото.

Милано покажа колку коса ѝ паѓа при едно чешлање. Неодамна, и Грејс Дадли од „Есекс“ објави видео и покажа дека косата ѝ паднала толку многу по вирусот, што деновиве носи перика.

„Секојпат кога ја чешлав косата, ми паѓаа цели прамни. На крајот, се загрижив и отидов на преглед, каде што ми кажаа дека тоа е последица од Ковид-19. Лекарот ми рече дека бидејќи сум била на работ на смртта, телото ги укинало сите функции што не се важни, вклучително и развојот на фоликулите“, вели таа.

Бидејќи сè повеќе жени го пријавуваат овој проблем, лекарите засега го препознаваат како телоген ефлувиум, втор најчест вид губење коса кај жените. Станува збор за нарушување на скалпот и растројство на растот на косата. Во многу случаи тоа трае околу половина година по што растот на косата се враќа во нормала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега