Д-р Васев: Медицинскиот канабис помага кај некои видови на канцер

Онкологот Нино Васев, во изјава за „Слободен печат“, потенцираше дека не ја прифаќа алтернативната медицина, но сепак истакна дека медицинскиот канабис може да биде од помош кај одредени видови на рак.

– Апсолутно сум против алтернативната терапија што значи да се смени класичната, научно докажана терапија. Комплементарна терапија подразбира додавање на витаминска терапија покрај клиничките лекови и тоа не е забрането. Но алтернативни лекови не треба да се земаат на своја рака. Многу од нив земаат медицински канабис кој им ја смалува болката, ја ублажува, лечи депресија, помага кај некој вид на канцер. Медицинскиот канабис е легален и како комплементарна терапија се употребува – вели д-р Васев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа