Д-р Тиодоровиќ предупреди да се подготвиме на време - откри до кога ќе треба да се придржуваме на мерките за заштита од коронавирус

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјавил дека ќе мора да се придржуваме до мерките до септември, октомври и дека во 2022 година ќе влеземе растеретени и со добро сценарио.

Тиодоровиќ за Блиц.рс појаснил дека и на лето ќе мораме да се придржуваме до мерките, затоа што и со вакцинирањето е потребно еден месец и до два за да се создаде заштитно ниво на имунитет.

-Вакцинацијата започна, таа ќе напредува се повеќе, но маските ќе мора да ги носиме и додека трае вакцинацијата. Имаме луѓе кои не смеат да примат вакцина, кои се алергични на некои нејзини состојки и од таа причина нема да мораме сите луѓе да ги вакцинираме. Втора работа е дека иде во две дози. После првата се развива 50 отсто имунитет, после втората над 90 отсто - заклучил Тиодоровиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.01.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега