Д-р Тиодоровиќ откри кога се очекува пикот на епидемијата: Вирусот беснее во Европа

Српскиот епидемиолого и член на Кризниот штаб, д-р Бранислав Тиодоровиќ пикот на епидемијата коронавирус го очекува во ноември и декември и вели дека сите мораме добро да се подготвиме за она што не очекува до крајот на годината.

-Вро Европа епидемијата беснее, имаме епидемија која е повторно во ек. Дали е тоа трет бран или втор бран, не е важно. Ова е се уште далеку од пик, пик веројатно ќе има во ноември или декември - рекол Тиодоровиќ.

Вели и дека ниедна држава не е пуст остров, и дека сме посебно во регионот, сите поврзани и се потпираме едни на други.

-Ова е една тешка ситуација, која премногу долго трае. Овој дел од Европа влезе во осмиот месец од епидемијата, што предизвика и сериозен премор на здравствениот систем, кој се наоѓа на ивица на издржливоста - навел Тиодоровиќ.

Тој истакнал и дека практично истите мерки се спроведуваат во Европа и дека многу држави воведуваат и носење маски на отворено.

Во Србија во моментов на сила е препораката носење маска на отворено.

-Додека не дојде вакцината, додека не бидеме сигурни дека таа вакцина ќе биде успешна, ние немаме голем избор. Се уште лекот кој ќе ја запре короната не е на видик - порачал Тиодоровиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа