Д-р Спироски: „Влегуваме во најопасните 10 дена, инсистирајте на заштита дури и во најблискиот круг“

Голем број лекари и експерти ширум светот предупредваат дека есенскиот бран на коронавирусот ќе донесе зголемен број на новозаразени.

Д-р Игор Спироски од Клиниката за кардиологија вели дека влегуваме во најопасните 10 дена и апелира максимално да се ограничат контактите:

„Влегуваме во најопасните 10 дена. 30 отсто од испитаниците се позитивни, ако некогаш треба добро пазење и заштита, тоа е сега. Ограничете ги максимално контактите и инсистирајте на заштита дури и во најблискиот круг на социјализација“, порача интернистот на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега