Д-р Солески: Ќе се соочиме со нов бран на ковид-19, но веројатно полесен

Темата која извесно време ја поттурнавме на страна, повторно се враќа на сцената со зголемените бројки на новозаразени од ковид-19.

-И во нашата земја и на европско ниво се регистрира зголемен број на пациенти со ковид-19 што се должи на новите омикрон соеви кои се позаразни и умеат да го заобиколат веќе стекнатиот имунитет. Тешко е да се предвиди како ќе се развива ова. Сепак, ова се пациенти со полесни состојби и немаме смртни случаи, вели д-р Кирил Солески за Утрински брифинг.

Сѐ уште важат истите правила то значи дека пациентот останува во изолација без оглед дали станува збор на полесна симптоматологија. Пацинтите треба да се јават кај матичен лекар, а ако состојбата не е сериозна не треба ништо да се прави, вели д-р Солески.

-Во најголем дел полесните случаи се третираат на примарно ниво и затоа Лекарското друштво и Министерството за здравство направија протокол и упатство за еднакво третирање на пациентите со ковид-19, вели докторот.

Д-р Солески вели дека сите показатели укажуваат дека ќе се соочиме со нов бран на ковид-19, но веројатно полесен, а ние ќе мораме да научиме да живееме со вирусот. Докторот препорачува лицата кои спаѓаат во ризични групи сепак да внимаваат и моеби Комисијата за заразни болести ќе одлучи да се воведе уште една засилувачка доза на вакцината.

-Во секој случај, ние ги следиме светските искуства и препораки, додава тој.

 

29.06.2022 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега