Д-р Ристиќ предупредува: Вирусот изгледа мутирал, па сега е повирулентен и поопасен и напаѓа и помлади лица

 

Тешка клиничка слика е можна и кај младите луѓе и, според статистичките податоци, тие во моментов се најзагрозени, вели познатиот кардиохирург Миљко Ристиќ.

Корона вирусот се покажа како исклучително лукав и откривме дека не знаеме многу работи за него. Сметавме дека вирусот потешко ќе преживее на високи температури, што очигледно не е случај. Оние кои се заразиле со корона вирусот, лесно се заразуваат и по втор пат и тоа само неколку месеци по првото заразување, а ризикот од заболување е иста и за помладите и за повозрасните лица – рече Ристиќ.

Тој додава дека она „што боде очи“ во моментов е тешката клиничка слика и кај млади луѓе и дека статистиката покажува дека тие во моментов се најзагрозени. Тој посочува дека можноста за заболување од разни заболувања е иста за различни популации, па така и малигни заболувања се среќаваат и кај младите и кај старите луѓе, но младите подолго издржуваат во борбата против овие болести, што не е случај со коронавирусот.

-Во приватните разговори, експерти за пулмологија ми укажаа дека вирусот се чини дека мутирал и е многу повеќе патоген и малигни отколку што беше на почетокот на епидемијата. Времето ќе ја покаже вистината на ова тврдење – вели д-р Ристиќ.

Според податоци на кризниот штаб, млади до 50 години е популација на која има најмногу заболени и го сочинуваат дури 60 отсто од вкупниот број на новозаболени.

-Немаме група со ист број постари лица кои се разболуваат, за да можеме да кажеме дека младите се разболуваат со потешка клиничка слика, а постарите луѓе со поповолна. И за ова треба да помине време-наведува д-р Ристиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега