Д-р Несторовиќ открива: Како да препознаете дали сте добиле воспаление на белите дробови од коронавирус

Пандемијата коронавирус трае веќе скоро една одина, а за тоа време слушнавме многу претпоставки за симптомите. Како да знаеме дека сме добиле воспаление на белите дробови токму поради вирусот Ковид 19, објаснува српскиот доктор Несторовиќ.

„Дефиницијата за Ковид 19 пневмонијата според Светската здравствена организација е температура над 38 степени, отежнато дишење и сенка како млечно стакло на снимките на белите дробови. Значи, нема воспаление на белите дробови без овие симптоми“, вели тој.

Најчеста терапија која се дава при овие симптоми е антибиотик, витамин Ц, витамин Д, цинк.

Докторот Пелемеш исто така појасни: „Антибиотиците не се лекови за спуштање на температурата. За тоа постојат други лекови, а антибиотиците се лекови за лекување на бактериските инфекции. Да знаеме дека станува збор за тоа, болниот мора да се прегледа, да се направат одредени барем минимални лабораториски анализи.

Антибиотиците не бараат посебна исхрана, но грејпфрут,да речеме, не треба да се зема со антибиотиците поради подобра ресорпција на лекот. Таа овошка пречи на ресорпцијата, како и млекото, но треба да се пие јогурт и кисело млеко, тоа е како пробиотик“, истакнал инфектологот и специјалист на клиничката фармакологија доктор Мијомир Пелемиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега