Д-р Мехмедовиќ: Комисијата за заразни болести покажа загриженост поради мајмунските сипаници

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ кажа што се разговарало на денешниот состанок на КЗБ.

Мехмедовиќ кажа дека имале две теми, меѓу кои едната за ковид-19, додека другата е за мајмунските сипаници кои се појавија во многу држави.

„Можам да кажам дека Комисијата покажа загриженост поради ширењето на мајмунските сипаници. Светот, како и СЗО исто така покажуваат загриженост. Од тие причини беа дискутирани и клинички патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациенти кои евентуално би се заболеле со сипаниците“, кажа Мехмедовиќ.

25.05.2022 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега