Д-р Мехмедовиќ: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Гледано од клинички аспект, според првичните анализи кои ги добиваме од Индија и од Велика Британија, делта варијантата, односно индискиот сој на коронавирусот, е поврзана со зголемен ризик од тешка болест и хоспитализација, но и делумно различна клиничка манифестација на болеста, посочува д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје во интервју за Слободен печат.

– Постојат три симптоми кои ја разликуваат оваа варијанта од останатите кога е во прашање зголемен број на случаи со гангрени и ампутации на прсти и стапала како резултат на засиленото згрутчување на крвта, нешто што не беше вообичаено за алфа варијантата. Се развиваат микротромбови, кои се причина за силно изразени компликации на екстремитетите, изумирање на здравото ткиво и разој на гангрена кај еден од секои четири пациенти кои имаат нарушени параметри на коагулација. Таквите микротромбови се сретнуваат и во дигестивниот систем, во цревата. Како втор симптом кој е значително поизразен кај делта варијантата се проблемите на системот за варење. Значително повеќе се јавува повраќање, пролив, гадење и намален апетит. Третиот поизразен симптом е нарушување или губење на слухот кај некои пациенти, оток околу вратот и воспаление на крајниците. Промената на клиничката слика кај делта варијантата укажува на зголемена агресивност на вирусот, што е дополнителна причина да го средиме неговото ширење на глобалната мапа – вели д-р Мехмедовиќ.

15.06.2021 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа