Д-р Марковски: Имаме најголема смртност во светот на милион жители од Ковид во последните неколку недели

Загрижени сме како и сите граѓани за големата смртност, хаотичните мерки и немањето на стратегија за справување со КОВИД-19. Сметаме дека Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството, изјави на денешната прес конференција, професор доктор Вело Марковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги посочи следниве причини за одговорност на министерот Венко Филипче за оставка:
1.Со сите сили надвор од сите досегашни научни сознанија по предлог од неговата комисија за заштита од заразни заболувања се направи стратегија да се спречи ширењето на КОВИД -19, односно да се сведе на најмногу 2.000 позитивни за цела држава. Иако науката од досегашните искуства кажуваше дека не е можно да се спречи ширење на горно респираторна инфекција, туку само може да се одложи. При тоа се презедоа драстични мерки иако епидемиолошката ситуација беше мирна. Се потрошија повеќе од 1.5 милијарда евра, се стопира економијата, образованието, социјалниот и спортскиот живот. Бројката од 2000 ја достигнавме на 26 мај 2020 година.

2.Не се избра модел/стратегија за справување со КОВИД-19. Со лажно прикажување на позитивните како заболени се направи непроценлива штета на државата, во тек на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави.

3.Иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран, се дозволија голем број на јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави…) Во тоа време комисијата се опушти, не се испланира почетокот на школската година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болни со КОВИД19. Не се изработија релевантни дијагностички протоколи.

4.Денес со околу 28.000 позитивни и 949 умрени се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката смртност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред се изостанува анализа. Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност.

5.Направени се над 230.000 ПЦР тестови. Зошто и како некој дозволи тестовите да се движат од 30 до 100 евра а понекогаш во итни случаи и по 200 евра по тест.

6.Не се направи специјално тело/комисија за справување со КОВИД-19. Во работата на сегашната комисијата не е вклучен ниеден специјалист инфектолог кој работел најмалку 10 години на одделение за респираторни инфекции.
Бидејќи се обврзавме дека здравјето на сите ни е најважно од се, се прашувам дали навистина е така. Во период кога очекуваме епидемија со сезонски грип, судирот на КОВИД-19 и грипот е сериозна закана. Сезонскиот грип ќе ги исполни болниците, ќе ги десеткува здравствените работници, ќе ја зголеми смртноста и паниката.
7.Водејќи грижа само за болни од КОВИД-19 ги запоставивме хроничните болни, болните со малигни заболувања, систематските прегледи, превентивните мерки итн.
8.Во период во кој е започната сезона на настинки и други респираторни заболувања се тестира само за КОВИД -19. Дали министерството размислуваше и обезбеди тестови за други причинители како адено вируси, инфлуенца, пара инфлуенца, микоплазма, инфекции кои тешко клинички се разликуваат од корона вирусни инфекции. Во есенски и зимски месеци мораме паралелно со Сарс ков -2 да тестираме за уште десетина можни причинители на горно респираторни инфекции.
9.Ако се грижиме за сите зошто не се вакцинирани ризичните групи за сезонски грип. Вакцината за грип секогаш на северната хемисвера се спроведува во месец октомври. Препораките на СЗО беа оваа година да се зголеми бројот на вакцинирани. Кај нас се уште не е почната вакцинацијата и најверојатно се уште нема набавено вакцина. Препораките на СЗО се да се вакцинираат најмалку 75 % од припадниците на ризичните групи.

10.Ако се грижиме за кондицијата на здравствениот систем, се грижиме ли за здравствените работници, дали е обезбедена бесплатна вакцина против сезонски грип за сите здравствени работници. За потсетување во земјите од ЕУ каде што се стремиме и пред оваа пандемија од 3-68 % од здравствените работници се вакцинираат секоја година.

11.Комисијата мораше да има во предвид и да и предложи на владата преку министерот за здравство набавка на барем 100.000 квалитетни вакцини за сезонски грип уште рано пред летото. Мораше да се предвиди дека поради зголемена набавка на вакцини за грип во светот ќе има недостиг на вакцини.

12. Еве како вакцинираат некои од државите. Значи Германија со 83 милиони жители има набави 26 милиони дози за сезонски грип. САД помеѓу 194 и 196 милиони дози значи вакцини за барем половина од сопственото население. Соседна Србија над 500.000 вакцини значи некаде 6% од населението. вакцинацијата започната по план на први октомври, така како што секаде се почнува во северната хемисфера.

-Еве само 12 причини за одговорност на министерството за здравство. Немање вакцина од било кои причини (незнаење, закаснување со набавки, преоптеретеност само со една болест) за сите здравствени работници и за најголемиот број на хронични болни е голем пропуст се несогледливи последици, и доволна причина сама по себе за оставка на министерот за здравство, по било која основа, дали по барање на премиерот, како личен морален чин, или по барање на јавноста. Останува да се надеваме дека оваа сезона нема да имаме грип, заклучи професорот Марковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега