Д-р Кунгуловски предлага нова стратегија за вакцинирање при дефицит на вакцини

Докторот Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил предлага која стратегија треба да се спроведе за вакцинирање при дефицит на вакцини.

„Според мене најдобрата стратегија за вакцинирање при дефицит на вакцини (а таква е глобалната состојба) и воедно најхрабрата и најпрагматичната и најчовечната е следната:

Иницијален едно-дозен режим на што поголем број на луѓе, којшто после 2-3 недели води до некаков имунитет [3/4 од вкупен].

Примена на дво-дозен режим кај постари возрасни групи.

Придобивките од оваа стратегија се двострани:

– Стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и

– Намален број на луѓе кадешто потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста

Иницијален едно-дозен режим на што поголем број на луѓе, којшто после 2-3 недели води до некаков имунитет (3/4 од вкупен).

Примена на дво-дозен режим кај постари возрасни групи.

Придобивките од оваа стратегија се двострани:

Стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и

Намален број на луѓе кадешто потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста.

Во секој случај, некаков имунитет (10-30 отсто намаленa ефикасност во споредба со две дози) кај многу луѓе е подобар од „дво-дозен” имунитет кај помала бројка на луѓе и далеку подобар од никаков имунитет кај голем број на луѓе“, пишува Кунгуловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега