Д-р Кон за носењето маска на училиште: Може да се тргне само во еден случај

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон, изјави дека не може да се каже дека училиштата се целосно безбедни, но дека е важно да се почитуваат сите мерки на заштита.

Кон за ТВ Прва изјави дека не може да се каже дека го нема вирусот и дека нема да го има во училиштата, па затоа е невозможно да се каже дека децата се апсолутно безбедни.

Како што ги советуваше родителите, пред секое одење во училиште треба да се измери температурата на децата и да се провери дали имаат некои здравствени проблеми. Исто така е важно детето да има маска со себе и да научи правилно да ја користи.

Д-р Кон рече дека маската може да се тргне додека се седи на места каде што се одржува растојание, за да не се влажни маската. Исто така е важно да ја смените маската по потреба. Тој ја потенцираше важноста да се носи маска бидејќи спречува можност за инфекција и овозможува нормално присуство на часови.

Како што рече, во случај на инфекција, родителот се јавува во училиштето, а училиштето тогаш има обврска да го извести Институтот за јавно здравје дека некое дете е болно.

„После тоа следи епидемиолошка истрага, каде се проверува дали се запазени заштитните мерки“, објасни д-р Кон.

Како што рече, некои родители сметаат дека маската го попречува здравјето на детето, што е апсолутна глупост.

Тој истакна дека наставник кој има какви било респираторни проблеми или температура не смее да доаѓа на училиште и да држи настава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега