Д-р Кон: Следуваат најлошите 7 дена, вонредната состојба е единственото што може да не спаси

Епидемиологот Предраг Кон изјави вчера вечерта дека тој е за воведување на пострги мерки, но дека мора да се почека да се направи правна рамка.

Тој нагласил дека најголем број на луѓе се заразиле на забавите кои биле тајно организирани.

-Ние цело време гледавме дека инспекциските служби работат, а истовремено луѓето се криеја и понатаму организираа забави.Луѓето мислеа дека ние зборуваме за забавите туку така. Во училиштата, пример, нема пренос. А, кога ќе прашате каде се заразиле: Тогаш доаѓате до податоци, иако најголем број не знаат, тие споменуваат забави и прослави на кои биле. Не се тоа само сплавовите, тука се и приватните прослави - рекол Кон.

На прашањето дали ќе биде воведено задолжително ПЦР тестирање во Србија, тој рекол дека тоа сега не е потребно, бидејќи никој и не доаѓа. Тој се осврнал и на здравствениот систем кој е сега под посебен притисок.

-Мораме вирусот да го запреме во смисла на понатамошна трансимисија. Според тоа, овие наредни седум дена исто така ќе биде лошо, а за жал зголемениот број на починати штотуку доаѓа. Ефективноста беше феноменална во вонредната состојба. И тогаш реков дека пандемиите не може поинаку да се решаваат, и останав на тоа. А, знам дека многумина ќе ме критикуваат - подвлекол Кон.

Решението е според него, сега да покажаме инает и да носиме маски.

-Да го запрмее вирусот, а тоа го можеме со маските. Само што луѓето не веруваат - рекол Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега