Д-р Кон даде одговор на прашањето кое сите ги интересира: До кога ќе мораме да носиме маски

Кризниот штавб веќе направи се што е важно, а ќе се чувствува потребата од него барем уште половина година. Ќе имаме оружје, така наречено вакцина и треба што порано да се употреби, рекол епидемиологот Предраг Кон.

Брзината на организирање на вакцинирањето директно влијае врз текот на пандемијата, рекол Кон. Тој како пример го навел Израел кој за десетина дена вакцинирал повеќе од милион луѓе додека вакцинирањето значително побавно се одвива во САД.

„После првите два брана имаме измерено дека 27,5 отсто од луѓето биле во контакт со вирусот, а во третиот бран околу 35-40 отсто. Потребно е 60 отсто од луѓето да бидат имуни, а за тоа е потребно да се вакцинираат околу милион ипол граѓани во Србија. Тоа засега зависи исклучиво од нас“, рекол Кон.

Епидемилиогот вели дека треба да се очекува ситуацијата да биде подобра од ден во ден, но и дека ќе ги почувствуваме последиците на собиранките и прошетките, посебно во Белград после Божиќ.

Основното прашање чиј одговор сакаатѕ да го знаат сите граѓани е до кога ќе носиме маски.

„Тоа пред се зависи од имунитетот. Со 60 отсто вирусот се уште може да циркулира, но секако тоа ќе биде помалку од сега. За вирусот да престане да циркулира во популацијата потребно е имунитет да имаат повеќе од 80 отсто од луѓето, а за тоа во нашата земја треба да се вакцинираат околу 3,5 милиони луѓе“, објаснува Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2021 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега