Д-р Кон бесен: Се лечат дома и мислат дека е кул да се победи Ковид без вакцина

Српскиот епидемиолог Предраг Кон предупреди дека веќе пет недели по ред просечно има повеќе од 6.000 новозаразени дневно и дека максимумот стасал до 8.500.

– Такво нешто досега немавме. Од друга страна, кога зборувам за исполнетоста на болниците, сега се обидуваме да зачуваме што може повеќе да се зачува, да останат клиничко-болничките центри, а не ковид болниците бидејќи последиците ги гледаме во умирање од други работи. Ситуацијата е речиси катастрофална и тоа таму каде што немаат каде да ги сместат пациентите кои имаат потреба од кислород – објаснил членот на Кризниот штаб за Курир телевизијата.

Тој потенцира дека е проблем и тоа што процентот на тешки случаи се зголемува.

– Имаме привид дека има помалку хоспитализирани што значи дека се лекуваат дома. Тоа треба да биде јасно. Не се гледа дека има пад на бројките во подолг временски период. Би било поубаво и побрзо ако ги почитуваме мерките или да воведовме рестриктивни мерки како што баравме. Друг излез нема освен вакцинација – порачал Кон.

Епидемиологот нагласил дека нема друга одлука освен „сакам да се заразам“ или „сакам да се вакцинирам“.

– Некои ќе се протнат поединечно само ако голем број на граѓани се вакцинираат. Но вирусот сигурно ќе ги начека  по извесно време. Нема генерација која ќе ја избегне заразата – оценил Кон и додал дека ќе има сè повеќе млади на респиратор.

Кога ги гледате свеченостите, натпреварите, превозот и училиштата, предупредува Кон, се гледа дека никој не носи маска.

– Постои став дека е кул да се биде против вакцинација, да се победи вирусот без вакцинација, кул е да се умре за некој, мислејќи дека прави херојско дело и дека ќе биде запаметен. Нема! Ќе го прегази времето. Приказната против вакцинацијата се потпира на измислици, а за измислиците не можете да кажете дека се точни или дека се неточни – вели Кон.

За лекарите кои ги советуваат пациентите да не се вакцинираат и кои самите не сакаат да се имунизираат, Кон вели дека доктринарните ставови во пандемијата мора да постојат.

– Доктринарниот став е дека од пандемијата може да се излезе само со вакцинација. Проблемот е за задолжителноста или за незадолжителноста. Ние тука малку заостанавме. Денешното одбивање на средношколците да се вакцинираат ќе се види за 10 години кога ќе одбиваат да ги вакцинираат своите деца – порачува Кон и нагласува дека едукацијата на младите во училниците е најважно, но дека со тоа се задоцнило во последните две децении.

– Преполнетите болници бараат да здивнат. Здравствените работници се во воена состојба, дајте и бенефициран работен стаж, не може да се очекува во воена состојба да живее целиот здравствен систем непрекинато и сите останата да се однесуваат како ништо да не се случува. Работат во нечовечки услови – вели Кон.

18.10.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа