Д-р Кон апелира: Здравствениот систем е на работ на пропаст- Крајот на епидемијата зависи од сите нас

Морам да кажам дека медицинскиот дел од Кризниот штаб имаше јасен став дека сè треба да се затвори најмалку 14 дена со цел да се намали нивото на активност на вирусот, но имаме т.н. економски диктат. Јас би рекол дека ова  продолжување на мерките е со некои корекции, рече епидемиологот д-р Предраг Кон.

Зборувајќи за епидемиолошките мерки, здравството и економијата, д-р Кон рече дека за два дена пристигнале 85 барања за изземање и дека тие сè уште пристигнуваат.

- Кога ќе добиете информација дека спроведувањето на ваквите мерки е крајно тешко, скоро невозможно за економијата, или ќе прифатите такво нешто или ќе се свртите и ќе заминете. Во такви околности, се бараат мерки што ќе спречат пренесување на вирусот - рече тој.

Тој исто така посочува дека мерките се засилени.

- Сега се девет квадратни метри по лице. Треба да има ковид- редар, задолжителна маска и засилена инспекција. Најважно е луѓето да знаат да се заштитат на тој начин - објаснува тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа