Д-р Ѓуров со емотивна порака за Селмани: Направи им софтвер во рајот за побрзо да се вратат таквите како тебе

Вчера во јавноста одекна веста за смртта на Хајан Селмани сопственик на компанијата Haselt и еден од најпрогресивните македонски претприемачи.

Д-р Лазар Ѓуров преку социјалните мрежи испрати последен поздрав до Селмани со навистина трогателна порака.  Покрај пораката, Ѓуров објави и нивна заедничка фотографија.

Ви ја пренесуваме во целост: 

„Има луѓе кои не смеат прерано да си заминат.

Луѓе кои се вистинско богаство.

Кои мораат да го направат тоа што можат, пред да си заминам засекогаш.

Луѓе кои имаат капацитет да ја направат промената која сите ја посакуваме.

...денес почина Хајан Селмани :(

... :(

Тој беше таков човек.

Човек кој не смееше да замине.

Хајан беше ЛИДЕРИШТЕ.

Човек кој имаше брилијантен ум, огромна храброст, големо и топло срце и прекрасна душа.

Тој изгради компанија која победуваше на глобален не на локален пазар.

Кој ги решаваше проблемите на развиените земји.

Тој создаде компанија во која вработените беа среќни.

...

Хајан сакаше да ја промени и Македонија.

Планиравме многу активности заедно.

Но....замина.

...

Засекогаш.

...

Денес земјата изгуби многу од својот потенцијал за позитивна промена.

Тагувам како за изгубен брат и најблизок член на семејството.

....

Лесна си земја пријателе.

Вечен нека е споменот за тебе.

Не е фер што заминуваш.

Ќе ни биде мнооогу потешко без тебе.

Мнооогу мнооогу потешко.

....

Оди и направи им софтвер во рајот.

...и најди начин побрзо да се вратат таквите како тебе за да ни помогнат да смениме работите на подобро.

Ќе ни фалиш бескрајно.

Сочувство за семејството <3

Не можам да претпоставам колку ви е тешко.“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега