Д-р Фаучи вели дека за целосна заштита од Ковид-19 освен заштитна маска, треба уште една работа да носиме на лицето

„Единствено ова може да ви обезбеди целосна заштита“ - вели д-р Фаучи.

Д-р Ентони Фаучи, главниот советник во владата во САД за борбата против коронавирусот и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, во средата предложил Американците да размислат за носењето очила или пак ''штит'' за лицето за да се подобри нивната заштита од коронавирусот.

Фаучи за „ABC“ изјавил дека очилата се повеќекратно ефикасни во заштитата од коронавирусот:

„Доколку имате очила или пак ''штит'' за очите, треба да го искористите тоа“ - изјавил д-р Фаучи.

„За целосна заштита на површината на слузокожата потребно е да носите очила. Теоретски треба да ги заштитите сите површини од слузокожата. Значи, доколку имате очила, тогаш треба да ги искористите“ - вели д-р Фаучи.

Како што вели тој, така ''сите ќе ја комплетираме заштитата на слузокожата на носот, устата и очите''.

И самиот д-р Фаучи ја почитува препораката која што ја дава до јавноста, па така тој постојано носи заштитна маска и очила на своето лице.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега