Д-р Емир Солаковиќ: Јас намерно се заразив со корона, би донел закон сите да мораат да се вакцинираат

Докторот Емир Солаковиќ познат во јавноста како босанскиот доктор Оз, во утринската програма на телевизија К1, признал дека намерно се заразил со коронавирус:

„Јас сакав да добијам корона. Не е ова живот. Одлучив да добијам корона. Добив и прележав.

Јас ја имав најдобрата нега и апелирам луѓето никако сами дома да не ја лекуваат короната. Таа мора да се следи, морате да добивате вистински лекови и нега. Ви треба некој кој ќе ви дава терапија против згрутчување на крвта, да не дојдете до респиратор. Мора да имате некој кој ќе ве следи, да ви дава високи дози витамин Ц. А, кога ќе заврши короната, мора повторно да имате некој кој ќе ве следи. Сами мора да водите сметка исто така за себеси и во текот на 6 месеци да се контролирате редовно“, рекол докторот и додал дали треба луѓето да се вакцинираат:

„Вие со таа вакцина добивате војска со муниција и кога ќе дојде короната вие имате војска да ве брани. Нормално е да примите вакцина. Јас би донел закон сите да мораат да примат вакцина“, рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега