Д-р Даниловски предупредува: Доаѓа нов ковид бран во Македонија

Епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека во Македонија доаѓа нов Ковид бран. Тој во изјава за ТВ 24 рече дека зголемените бројки се почеток на есенско-зимски бран.

Според него, поради непочитување на здравствените мерки и протоколи на кампањите може дополнително да ја зголеми бројката на заразени.

-Доаѓа нов бран во Македонија. Она што се случува со соседните земји ние веќе го поминавме. Ние малку побрзавме во тој летно есенски бран. Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран. Нивото на имунист на нашето население мислам дека е преку 60 може и 70 остсто, рече Даниловски за ТВ 24.

Предупредува дека на тоа најмногу влијае заладувањето и средбите меѓу луѓето сега се во затворено. Меѓутоа, вели и дека ниту мерките не се почитувале за време на изборите.

- Во предизборнита кампања никој не почитуваше мерки. Сето тоа дополнитело резултира со почеток на нови заболени. Овој експоненцијален раст подразбира постепено забрзување на бројките и тенденција за удвојување на бројките. Во таква една извесност во која сме, мене ми е нејасно зошто при таква закана наместо да останат или да се устрожнат мерките нашиве власти ги реалксираат мерките. Во однос на вакциналните сертификати, сметам дека наместо пасоши за вакцинирани, потребни се пасоши за имуност, вели Даниловски.

 

28.10.2021 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа