Д-р Беќаровски: Кој знае колку од починатите „комплетно вакцинирани“, всушност воопшто не се вакцинирани

Случаи на лажна вакцинација има низ цела Европа и Америка, а секој од нас знае барем 5-6 такви и во Македонија, пишува доктор Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил.

„Да не беа наметнати присилните вакцинални сертификати, лажно вакцинирани граѓани немаа да постојат, а ние ќе имавме многу попрецизна и поточна верификација на ефикасноста на вакцините.

Затоа при носење на секоја мерка на принуда, не смее да се заборави еден од основните закони во физиката: акција = реакција.

П.С. Кој знае колку од починатите „комплетно вакцинирани“, всушност воопшто не се вакцинирани,“ пишува тој на неговиот Фејсбук-профил.

18.01.2022 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа