Д-р Беќаровски: Човекот кој ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе

По објавување на веста дека Владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализирани во приватната болница Систина поради вирусот Ковид 19, се огласи и докторот Нико Беќаровски.

- Да се лежи од 23 март во приватна болница од "превентивни причини" е одраз на "христијанска скромност" на нашите владици. 

Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе.

ЗАКЛУЧОКОТ ДОНЕСЕТЕ ГО САМИ

Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници, напиша Беќаровски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега