Цветковски: Жална е сликата на детското игралиште во Центар

 

Во моментот се наоѓаме кај детското игралиште кое е сместено во близина на Зелениот пазар во Центарот на градот, рече денеска на прес за новинарите Никола Цветковски.

„Како што можете да видите зад мене игралиштето е руинирано и младите не можат да ги користат искршените реквизити.

Ова само покажува дека градоначалникот Богдановиќ е на “Прав пат” во исполнувањето на своето ветено спрема жителите на општина Центар.

Ваквата жална глетка не е ништо ново  за игралиштето на општина Центар. По едно вакво “модерно” игралиште си имаме во секое маало, игралиште каде што младите родителите можат без грижно да го користат.

Ова е еден вистински пример за тоа како еден градоначалник треба да работи.

Поради ова го охрабруваме градоначалникот Богдановиќ да продолжи вака “успешно” да ја реализира својата програма и ветеното спрема Центарци“ рече Цветковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега