Цветанова: Како да има датум за преговори кога вицепремиер индиректно се заканува со дестабилизација

Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова на својот Твитер профил ја коментира изјавата на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој по бројните критики на Венцијанската комисија за законот за јазиците, изјави дека доколку се менува истиот, работите ќе се вратат во времето пред 2001 година.

„Нема датум за преговори?! Нема ни да има кога вицепремиер во Владата индиректно се заканува дестабилизација на државата како онаа во 2001 г. или со други зборови - меѓуетнички вооружен конфликт. Кој сака потенцијално конфликтна држава во своите редови? Џабе името го сменивте“, напиша Цветанова на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега