Цветанов: Софија заостанува зад Атина во односите со Скопје

Политичарите кои сакаат да профитираат од постојаните провокации меѓу Бугарија и  Македонија можеби ќе имаат краткотрајна добивка, но долгорочно немаат визија и му штетат на доброседството и пријателството меѓу двете земји, смета Цветан Цветанов, претседател на бугарскиот Евро-атлантски центар за безбедност.

Цветанов, во изјава за БГНЕС вели дека политичарите од Бугарија и Македонија треба да ги надминат несогласувањата, да бидат обединети и да соработуваат, бидејќи како што наведува, денес светот е многу поразличен отколку што беше пред неколку децении.

Тој истакна дека државите од Западен Балкан се стремат да бидат дел од силна и обединета Европа без граници и ограничувања, но предупредува и дека постојат многу земји кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од ЕУ и полноправна членка на НАТО.

– Ние сакаме да и помогнеме на „Северна“ Македонија и тука мора да му се оддаде признание на бугарското претседателство со ЕУ, кое ја држеше на агедната темата за „Северна“ Македонија, вели Цветанов.

Но, сепак, според него, Софија заостанува во односите со Скопје, дури и зад Атина која по решевањето на спорот за името гради добри релации со северниот сосед.

– Проблемот е сериозен затоа што Грција која беше многу порезервирана кон „Северна“ Македонија денес има многу подобра основа за градење партнерство со неа, додека Бугарија малку заостанува, рече Цветанов.

Неопходно е, вели тој, да се работи на интензивирање на соработката, што ќе ја зацврсти економијата, безбедноста и стабилноста на целиот регион. Таков проект за развој на регионот, како што посочува, е „Триморие“ во кој се вклучени осум земји меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.

– „Триморие“ е исклучително важен затоа што ни овозможува да спроведуваме проекти што ќе обезбедат безбедност и стабилност на овој регион. Земјите од Западен Балкан се исто така подготвени да се приклучат на тоа во подоцнежната фаза. САД и Германија, кои не се членки на „Триморие“, веќе носат сериозни одлуки за поддршка на оваа иницијатива, рече Цветанов, потсетувајќи дека за време на безбедносната конференција во Минхен, американскиот државен секретар Мајк Помпео, објавил дека Вашингтон ќе го поддржи проектот со една милијарда долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега