Цвеќе од Холандија, торта од 70 килограми и дрес код- детали за свадбата на Вељко и Богдана

Свадбата на Вељко И богдана е предвидена да се одржи во недела, а медиумите во регионот со денови пишуваат детали за свадбата.

Нивната венчавка ја организирала Цеца, а на венчавката ќе има околу 500 гости.

-вељко ќе има две одела, прво ќе биде во црн смокинг, а потоа ќе се пресоблече во сиво одело. Богдана ќе носи три венчаници- во црква ќе ја носи венчаницата на Цеца, потоа за во општина ќе има груга и на крајот за во ресторан ќе облече трета венчаница. Младоженецот има изнајмено посебен автобус за да ги одведе сватовите од Блеград до родното место на Богдана.

Вељко ќе се вози во олдтајмер, а со истиот автомобил ќе дојдат со невестата до храмот каде што ќе се венчаат. Големо внимание е обрнато на декорациите, цвеќето ќе биде набавено од Холандија. Се ќе биде во златно бели тонови, масите ќе бидат декорирани со вистински дрва- раскажал извор близок до семејството.

Инаку матичарите ќе дојдат во ресторан за да ги венчаат.

-Поканите се пратени, а има и дрес код. Невестинската торта ќе биде на спратови и ќе тежи 70 килограми. Неколку слаткари работат на неа,а во ресторанот ќе биде доставена во делови еден ден порано- рекол изворот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега