ЦУК: Инспекторатот потврди дека нема опасност по здравјето од пожарот во ОХИС

 
Инспекторатот за животна средина по направената контрола известил  дека не постои опасност за здравјето на луѓето од пожарот во кругот на фабриката ОХИС, бидејќи опасни хемикалии таму одамна нема, а линданот кој треба да се отстрани е незапаллив, објави Центарот за управување со кризи на својата фејсбук-страница.
 
Претходно и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, изјави декане постои опасност за жителите на оваа општина, ниту за Градот Скопје, бидејќи пожарот е локализиран, а најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „ОХИС“ и од дворот на фабриката,

Темелковски, кој беше на опожарената локација, рече дека линданот е на безбедно место.

-Среќна околност е и што навреме реагираа противпожарните единици на Градот Скопје. Од информациите што ги имаме од луѓето кои ги контактиравме во меѓувреме, линданот е на длабочина до која не може да допре огнот, така што нема во моментов опасност и од пожар таму, истакна Темелковски.

 
Во 18 часот пожарот беше локализиран. Зафатена била претежно сува трева и дел од поранешната зграда на фабриката „Билјана“.
05.08.2021 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа