Црвен метеоаларм во Дубровник: Службите се подготвени за голема временска непогода

За поголем дел од Хрватска денес е прогласен црвен метеоаларм. Во Дубровник е издадено посебно предупредување: Ударите на одредени места достигнаа дури 143 километри на час.

Во предупредувањето за граѓаните се вели дека постои можност од оштетување на конструкциите, ризик од повреди поради паднати стебла, скршени гранки и летечки парчиња од конструкции. Не се искучува и можноста градот да биде поплавен од големите количества на врнежи кои се предвидуваат.

Затоа, се наведува дека сите служби на градот Дубровник се ставени во состојба на подготвеност.

Граѓаните се повикани да бидат свесни за опасноста и да ги следат најновите временски извештаи, соопштено е на страната на Град Дубровник.

Според информациите кои утринава ги објави „Истрамет“, на подрачјето на Истра има изразена плима, а ова подрачје паднале 46 мм дожд. Судејќи по фотографиите, морето веќе е излеано во Врсар, додека постои можност истото да се случи во Ровињ.

Предупредување издаде и полицијата со оглед на тоа дека ова се многу опасни временски услови кои се опасни за здравјето и животот на граѓаните, како и опасни ситуации, особено за морнарите. Дополнително, постои и зголемен ризик од штета на крајбрежната инфраструктура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега