Црногорец убиен пред очите на бремената сопруга и двегодишната ќерка - нови детали за страшното убиство

24-годишниот Зијад Нурковиќ од Бар, близок на кланот на Алан Кожара, убиен е во четвртокот во шпанскиот град Малага, а во тој момент биле присутни и неговата бремена сопруга 20-годишната Василиса и нивната двегодишна ќерка. Василиса која е позната црногорска блогерка, фотографии од патувањето објавила на својот Инстаграм профил и после смртта на сопругот.

Таа е една од најпознатите блогерки во Црна Гора, која на Инстаграм има 39.000 следбеници. 

Таа нс својот Инстаграм профил споделила и фотографии од трудничкото стомаче со пшто најавила дека е бремена.

Нурковиќ со семејството бил во Шпанија, каде бил застрелан додека возел, па дошло до сообраќајна несреќа по што цело семејство било порефрлено во болница. Застреланиот бил примен во тешка зравствена состојба, а после неколку часа починал, додека жената и детето биле неповредени.

Во него пукало непознато лице, а шпанската полиција трага по него.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега