Црни облаци над Крим: Авион излета од писта и се запали (ВИДЕО)
Авион на аеродромот Белбек во Севастопол излетал од пистата и се запалил денеска, објави рускиот гувернер на Крим, Михаил Развозаев на својот канал на Телеграм.
„Вонредна ситуација на аеродромот Белбек. Според спасувачите, при слетувањето авионот излетал од пистата и се запалил. Сега на лице место работат противпожарните бригади“, напиша Развозајев.
На социјалните мрежи кружат снимки кои наводно се направени во реонот на аеродромот Белбек. Според сликите, од местото на несреќата се издигнуваат облаци црн чад. Рускиот гувернер на Севастопол ги повика граѓаните да останат смирени, пренесува ТАСС.
Maybe these are fireworks in honor of Lyman's return to Ukraine? pic.twitter.com/BdH9INMGpa
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 1, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа