Црна Гора не помина во финале на Евровизија, а сите го паметат овој испад - гаф од кој не може да се оправда цела година

Овогодинешниот претставник на Црна Гора на Евровизија, бендот Д-мол, не уапсеа да се пласира во финалето на најголемиот музички натпревар во Европа. Нивната песна не остави впечаток врз жирито и публиката, но затоа минатогодишниот претставник на Црна Гора остави силен впечаток на Европа.

Причината не се ни песната, ниту настапот, туку вицот кој го раскажа.

Вања Радовановиќ мината година ја преставуваше Црна Гора со песната „Иње“. Ледени игли полетале во негов правец откако на конференцијата за медиумите раскажал виц за кој беше окарактеризиран како неприфатлив и неумесен.

Nastup Crne Gore na Evroviziji

После овој испад, раководствоо на Радио Телевизија Црна Гора се оградило од изјавата на Радовановиќ. Пејачот потоа се извинил.

-Шегата, пред се, лошо ја интепретирав. Нејзиниот автор е комичарот Рики Џервејс и се однесува на децата со канцер. Јас сум човек кој има две дека и болни искуства со болест како канцерот и никогаш не би се шегувал на навредлив начин со тоа, за да повредам некој - изјавил Вања.

Меѓутоа, тоа не била единствена негова проблематична изјава.

На церемонијата на отворањето на Евровизија 2018 година водителите на црвениот тепих сакале да постават прашања за пратечките вокали, но Вања застанал пред жените со кои дошол и рекол: „Тие се жени, јас сум маж. Никому не му е грижа за жените“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега