Црна Гора го подгина степенот на подготвеност поради коронавирусот

 

Црна Гора го подигна степенот на подготвеност поради коронавирусот од низок на умерен, откако во Италија се забележани неколку смртни случаи и поголем број на заразени во кратко време, пренесува „Индекс“.

 

– На граѓаните на Црна Гора не им се забрануваат патувањата во оние подрачја на Италија кои се погодени од коронавирусот, но треба да им се укаже сериозноста на ситуацијата, и им се советува да не патуваат таму ако тоа не е неопходно – информираше директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Бобан Мугоша.

Црногорските здравствени власти под здравствен надзор ги ставија сите патници од авионот кој во понеделникот долета од Болоња во Подгорица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега