Црн рекорд за Грција: Нови 1.690 случаи на коронавирус, пет лица починаа

Во изминатите 24 часа во Грција во Грција се регистрирани 1.690 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд за земјата, а веќе четврти ден по ред бројот на новозаразени е над 1.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Зголемување, освен на бројот на нови случаи, има и во однос на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, вкупно 128, 14 повеќе од вчера.

Регистрирани се и уште пет нови смртни случаи од ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, во Грција има 37.196 заразени, а починаа вкупно 620 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега