Црн рекорд и за Албанија

Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 203 лица позитивни на коронавирусот, што е првпат од почетокот на пандемијата тој број да е поголем од 200, соопшти денеска албанското Министерство за здравство. 

 

Во истиот период починале пет лица, со што вкупниот број на починати порасна на 434, пренесуваат албанските медиуми.

Досега во Албанија се потврдени 15.955 случаи на ковид-19, од кои моментално има 5.759 активни случаи.

Хоспитализирани се 239 пациенти, од кои 15 се на интензивна нега, а шест на респиратори. Најмногу заразени има во главниот град Тирана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2020 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега